Уште пет лица се уапсени во врска со дрскиот грабеж на вреден накит во музејот Лувр во Париз, соопшти денеска париската обвинителка Лор Беко за радиодифузерот РТЛ, пренесува ДПА.
Со најновите апсења, вкупниот број на приведени осомничени се зголеми на седум. Осомничените биле уапсени во регионот на француската престолнина, неколку дена откако две лица беа приведени за време на викендот во врска со спектакуларната кражба извршена на 19 октомври.
Двајцата првоапсени, на 34 и 39 години, дале делумни признанија, потврди вчера обвинителката Беко.
И покрај полициските активности, украдениот накит сè уште не е пронајден, а неговата вредност се проценува на околу 88 милиони евра.

