Кражба во приватна фирма во Прилеп - полицијата го фати жив крадецот

 


Вчера во 17.15 часот на ул.„Кордон“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Е.Р.(41) од Прилеп. Тој бил затекнат при извршување на кражба на предмети од кругот на приватна фирма.

Предметите биле одземени и ќе бидат вратени на сопственикот.

По целосно документирање на случајот, против Е.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.   

14.10.2024 - 12:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега