Кражба на автомобил во Струга: 29-годишник од Скопје кривично ќе одговара

 


ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.Р.(29) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Одземање моторно возило“. 

Тој, на 21.08. годинава, искористил згодна прилика и од паркинг простор во Струга, неовластено одзел моторно возило марка „Лада Самара“ сопственост на Е.К.(25) од Прилеп.

По преземени мерки, возилото било пронајдено во Скопје.

20.10.2024 - 15:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега