По нестабилниот период, Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавува дека до крајот на работната недела времето ќе биде стабилно и суво, но со значително пониски утрински температури.

Утре ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд, главно во претпладневните часови.

Од утре ќе почне да дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа, особено долж Повардарието, повремено ќе биде засилен.

Минималната температура утре ќе се спушти до 4 степени Целзиусови, додека максималната дневна температура ќе достигне до 16 степени.

Во Скопје утре ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, проследено со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во главниот град ќе се движи во интервал од 9 до 16 степени.

Exit mobile version