Крај на мистеријата во Тексас која траеше 51 година: Киднапирана ќерка повторно се соедини со семејството

ДНК тест повторно обедини жена од Тексас со нејзиното одамна изгубено семејство и стави крај на мистеријата која траеше повеќе од 50 години. Оваа неверојатна сторија ја пренесува „Би-би-си“.

Мелиса Хајсмит (53) била киднапирана од бебиситерка од нејзиниот дом во Форт Ворт во 1971 година кога имала само 22 месеци.

Долго време позната како „Мелани“, г-ѓа Хајсмит сега планира да го промени своето име.

Мистеријата за судбината на г-ѓа Хајсмит започнала во август 1971 година, кога нејзината мајка, Алта Апатенко, најмила бебиситерка преку оглас во еден локален весник. Дадилката, осомничена дека го киднапирала бебето, ветила дека ќе се грижи за неа во нејзиниот дом.

Таа потоа, исчезнала со бебето, предизвикувајќи децениски лов од семејството Хајсмит, полицијата и федералните власти. Неодамна во септември, семејството следеше дојава дека г-ѓа Хајсмит била забележана во Јужна Каролина.

Како што траеше потрагата од година во година, г-ѓа Хајсмит - која се викаше Мелани Волден - не била свесна дека некој ја бара. Првично, таа мислела дека напорите на семејството да ја контактира преку Фејсбук се измама.

Пробивот во случајот конечно дојде на 6 ноември, кога ДНК-тестот на веб-страницата за потекло 23AndMe ги поврза децата на г-ѓа Хајсмит со семејството, со помош на генеалог аматер кој им помогнал да ги разберат резултатите.

„Нашето пронаоѓање на Мелиса беше чисто поради ДНК“, напиша семејството во објава на Фејсбук. „Не поради вмешаност на полицијата или ФБИ, вмешаност во подкаст, па дури и поради приватни истраги или шпекулации на нашето семејство.

Г-ѓа Хајсмит и нејзините родители се сретнаа за првпат на 26 ноември. Во објавата на Фејсбук, семејството рече дека направиле „понатамошни официјални и законски ДНК-тестови“ и чекаат „официјална потврда за противниците на овој свет“

Г-ѓа Апатенко, биолошката мајка на г-ѓа Хајсмит, рече дека „едноставно не можела да поверува“ дека семејството се обединило по толку многу години.

„Мислев дека никогаш повеќе нема да ја видам“, додава таа за америнските медиуми.

Се уште нема информации за киднаперот. Според г-ѓа Хајсмит, кога се соочила, жената што ја одгледала - со која била отуѓена со децении - признала дека знаела дека таа е киднапираното дете.

 

 

 

29.11.2022 - 23:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа