Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска промовираше детален план со кој треба да се реши деценискиот проблем со паркирањето во кампусот „Мајка Тереза“. Според најавите, паркингот ќе биде дигитализиран, а цените ќе бидат поделени во четири категории за да се заштитат пациентите.

Новиот ценовник ќе изгледа вака:

  • Бесплатно: За онколошките пациенти (како и досега).
  • Достапна цена (некомерцијална): За сите пациенти кои се лекуваат во Клиничкиот центар.
  • Административна цена: За вработените во комплексот клиники.
  • Комерцијална цена: За посетители и граѓани кои се паркираат за други потреби.

Министерот најави дека граѓаните ќе можат од дома да резервираат паркинг место преку апликација со скенирање на својот упат, а плаќањето ќе биде онлајн, со картичка или кеш.

Exit mobile version