Полициски службеници од ОВР Кавадарци вчера спроведоа успешна акција во која се лишени од слобода четири лица осомничени за тешка кражба. Во периодот од 16:00 до 19:35 часот, уапсени се Е.О. (32), И.С. (28), К.Ј. (26) и Ѓ.К. (26), сите жители на Кавадарци.
Тие се сомничат дека извршиле кражба во магацински простор, сопственост на правно лице од градот, од каде што одзеле поголема количина ламинат. Полицијата успеала да пронајде дел од украдените предмети и тие веќе се вратени на сопственикот. Осомничените се задржани во полициска станица, а по консултација со јавен обвинител и целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

