Ковачки: Премиерот Ковачевски ја навреди мојата колешка Бети

„И денеска се продолжува со понижувањето на македонската демократија, во собранието од страна на нелегитимниот премиер кој што во утринските часови прекинуваше пратеници со дофрлања од место дека многу викале и не можел да ги слуша. Очигледно е дека премиерот деновиве има проблем со вниманието е и не е подготвен да се соочи со аргуиментите на опозицијата. Излегува и чита готови прес конференции“, нагласи Ковачки.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Ковачки истакна дека во обид за дефокус премиерот ја навредил колешката Бети на сексистичка основа.

„Во обид за дефокус премиерот и денес навреди нашата колешка на сексистичка основа а во текот на вчерашниот ден колега го нарече дека е глупи август а се дополни со нова изјава дека бил пион кој што можел да стане кралица, но коњот засекогаш ќе останел коњ. Брука, ова е дно. Обичниот пион на Груби односно на Артан Груби пати од комплекс на помала вредност затоа што не бил на избори и не е избран.Но сепак сака да стане кралица и мисли дека може да ги навредува избраните пратеници“, истакна Ковачки.

Пратеникот Ковачки упати прашање до премиерот до каде се проектите што ги ветувале и зошто нема ниту еден реализирано.

„До каде е гасификацијата на Гостивар, до каде е гасификацијата на Штип до каде е реконструкцијата на регионалниот пат Македонски Брод-Скопје, сте ветиле изградба на старечки дом во Кочани, отворен и затворен базен, изградба на спортска сала, до каде се овие проект, ветувавте граничен премин Клепало, изградба на пат Берово-Радовиш, ништо не е реализирано ништо од ова што сте го ветиле, новата влада ќе има најкраток век на траење“, нагласи Ковачки.

24.02.2023 - 17:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега