Ковачки: Пратениците на ДУИ и нивните слуги од СДС ја влошија состојбата која свесно ја создадоа со пасошите

 

Денеска пратениците на ДУИ и нивните слуги од СДС дополнително ја влошија состојбата која свесно и намерно ја создадоа со пасошите, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.

„Нашиот предлог Закон за измени и дополнувања со кои баравме да се продолжи рокот на важење на пасошите издадени со име Република Македонија, а кои имаат важност, беше одбиен од тие што го создадоа проблемот. Одлепеноста од реалноста и несакањето да им се излезе во пресрет на сопствените граѓани кои ги изолираа од останатиот цивилизиран свет е невиден феномен посебно имајќи во предвид дека сме членка на НАТО и сакаме да отпочнеме преговори со Европската унија. Во 21 век, да ограничувате слобода на движење на луѓе, да кршите Уставни права за влез и излез од сопствената држава, да свесно оневозможувате право на лечење на болни надвор од нашата држава, да го ограничувате правото на секој да може да бира и да биде избран се граничи со лудост. За здрав ум е несфатливо да имаш законска можност да им помогнеш на своите граѓани, да имаш шанса да исправиш проблем кој сам си го создал, притоа истото да нема никакви финансиски импликации, т.е. да не чини пари, и тоа да го одбиеш“, вели Ковачки.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ оценува дека Македонија ја води убедливо најлошата владејачка структура во историјата.

Додава дека се потребни промени и решавање на наталожените системски проблеми.

 
28.02.2024 - 14:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега