Ковачки до Петревска: Објавете се што имате, особено тоа „јакото“ за моето минато во АРМ

Почитувана министерке за одбрана, г-ѓо Славјанка Петровска, На нарачано новинарско прашање, сте кажале дека веќе нема да ми одговарате на поставени прашања.Неверојатно! Прво да разјасниме, Вие имате функција министер за одбрана и сте дел од извршната власт. На таа функција Ве избрало Собранието. Јас сум пратеник во тоа Собрание што Вас Ве има избрано, вели Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

-Иако и тогаш и сега бев против да бидете Министер за одбрана поради Вашите компетенции, сепак мнозинството на ДУИ и СДС, Ве избраа. Неисе.
Во нашиот политички систем Министрите одговараат пред Собранието.
Каков е тој однос да се ставате над Собранието и да кажувате дека нема да одговарате на прашања?

Што сте Вие за да бидете над Собранието и граѓаните?
Така ли ја разбирате политичката борба, демек ќе се налутите и нема да одговарате?

Министерке Славјанка Петровска, Вашата функција е јавна, а не лична.
Не може да си ја персонализирате функцијата, од причини што Вие земате плата од граѓаните, а јас прашувам во име на граѓаните кои ме изгласале.
Понатаму, на истото нарачано прашање, сте мавтале со две папки демек сум имал некаков страв.
ОК.

Еве уште еднаш Ве повикувам, објавете СЕ, ама буквално СЕ што имате. Јавно за да види цела македонска јавност што е тоа “јако” што го имате во врска со моето минато во АРМ.

Знам дека нема да објавите ништо затоа што тие папки се празни. (!)
Изгубена сте во време и простор и напаѓате со некакви “досиеја” што ги водите и измислувате во Министерство за одбрана против лица кои не мислат како Вас.

Министерке, штотуку потврдивте дека времето на водење на досиеа за лица е повторно вратено во младата македонска држава и штотуку потврдивте дека Вие како нестручно лице имате пристап до истите тие досиеја.
Кажете и’ на јавноста дали имате наредено ваши вработени од МО да следат и документираат народни избраници-пратеници и зошто?

Почитувана министерке, не само што ќе си одговарате на прашања, туку ќе одговарате и на потпрашања.

Не се обидувајте да дефокусирате и да бегате од одговори.

Јавноста има право да знае зошто се’ уште функцијата за одбрана ја врши лице кое за да оствари парична добивка на Суд, добавило психијатриско вештачење од специјалист – психијатар, а после тоа истото лице од говорница ги демантираше наодите на лекарот – специјалист.
*Јавниот, а не личниот интерес е пред се’, додава Ковачки.

31.03.2023 - 16:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега