Ковачевски во посета на фабрика: Работници задоволни што за работа во недела ќе добијат најмалку 50% повисока дневница

Премиерот Димитар Ковачевски денеска беше во посета на фабриката „Дура Аутомотив Системс“. Вели дека трудот на работниците мора да се почитува и соодветно да се вреднува.

-Сите работници кои работат во недела добиваат најмалку 50% повисока дневница со воведување на недела неработен ден. Во разговор со дел од работниците во „Дура Аутомотив Системс“ компанија која ја посетив денес, тие изразија задоволство од новиот закон. Особено драго ми е што менаџментот на компанијата исто дава поддршка за новото законско решение, напиша Ковачевски на социјалната мрежа Фејсбук.

Според него, овој Закон има многу позитивен ефект и ги стимулира работниците. Вели дека тој позитивно влијае на нивната продуктивност, што пак, е во интерес на самите компании.

-Му честитам на раководството на „Дура“ кои покрај двете фабрики, планираат и нова трета инвестиција од над 20 милиони евра. Она што е важно е дека просечната нето-плата во оваа компанија е над 600 евра и истата има тенденција за натамошен раст, вели Ковачевски.

23.01.2022 - 13:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега