Ковачевски: Утрово на Борел му посакав да има успешен ден - целта ни е да влеземе во ЕУ заедно со соседите

Утрово, пред почетокот на дијалогот меѓу нашите соседи Србија и Косово, му посакав успешен и продуктивен ден на мојот пријател Жозеп Борел, високиот претставник на ЕУза надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, открива премиерот Димитар Ковачевски на социјалната мрежа ФБ.
„Чест и задоволство ми е што сме домаќини на дијалогот меѓу Србија и Косово, тука во нашиот прекрасен Охрид. Ние сме земја која гради пријателства и сме пример за добрососедство. Силно веруваме во дијалогот како форма на комуникација во 21 век, како единствен пат кој води кон напредок и развој. Нашата цел е влез во Европската Унија заедно со соседите. Развиен Западен Балкан интегриран во ЕУ е приоритет“, додаде Ковачевски во објавата на ФБ.

18.03.2023 - 10:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега