Ковачевски: Средбата со Мицкоски даде резултат, ВМРО-ДПМНЕ го промени ставот и поддржува уставни измени
Во интервју за емисијата „360 степени“ на Телевизија Алсат, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски изрази задоволство од средбата со Мицкоски која што ја оцени и како успешна.
„По средбата сите можевме да се увериме дека ВМРО-ДПМНЕ го промени својот став и поддржува уставни измени кои што уставни измени значат вклучување на други народи во Преамбулата на нашиот Устав, вклучително и на делови од бугарскиот народ. И тоа е промена на позицијата која што ВМРО – ДПМНЕ ја имаше“ истакна Ковачевски.
Претседателот Ковачевски посочи дека самиот Мицкоски тоа го потврдил во изјава по средбата додавајќи дека сето тоа е добра основа за продолжување на дијалогот.
09.06.2023 - 22:52
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа