Ковачевски се загрижи: Пред нас е одлуката за уставните измени - нема да биде лесно

Премиерот Димитар Ковачевски, на денешната прес-конфереција, заедничка со албанскиот премиер Еди Рама, меѓудругото се осврна и на уставните измени. Тој изрази загриженост, дека оваа одлука како што кажа, нема да биде лесна, ама порача дека мора да биде храбра, а идните генерации, како што кажа да паметат дека оваа генерација на политичари обезбедила подобра иднина за нив.
„Пред нас е секако уште една одлука, кое е прашање од интерес за граѓаните и медиумите, а тоа се однесува на носењето на уставните амандмани во Собранието и јас верувам дека нашето Собрание ќе е на ниво на задачата и дека конечно ќе можеме со забрзан чекор да го продолжиме нашиот пат кон европските интеграции и да се придружиме кон европското семејство“, изјави Ковачевски.
„Знам дека нема да биде лесно, постојат различни калкулации, интереси кај сите политички партии, дел од нив гледаат за интересот на државата меѓутоа за жал, дел од политичките лидери гледаат единствено во својот политички интерес и на својот политички рејтинг, но, треба да се донесе одлука која ќе биде храбра и којашто ќе ја паметат идните генерации, дека оваа генерација на политичари донела одлука со која обезбедила подобра иднина на сите оние коишто доаѓаат после нас“, додаде премиерот.
06.07.2023 - 13:39
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа