Ковачевски: СДСМ има визија за Северна Македонија како земја членка на ЕУ

Ние како политичка партија имаме многу јасна визија дека сакаме да ја видиме Северна Македонија како земја членка на ЕУ, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за Алсат М Телевизија.
 
-Тоа не само како остварување на сон за европска Македонија туку како остварување на стремежот за држава во која доаѓаат европски правила за владеење на право, европски правила на демократија, на слобода на медиумите што и го направивме. Европски животен стандард, европски плати. Тоа е целта за која се залага СДСМ, рече Ковачевски.
 
Убеден сум дека граѓаните знаат да ценат тоа што го направивме, во изминатите 2 години во мојот мандат, но и во претходните 5 години во мандатот на моите претходници којшто веќе кажав ние остваривме една голема стратешка цел членство во НАТО и започнавме со реализација на втората стратешка цел, членство во ЕУ, додаде тој.
 
-По 17 години чекање го започнавме исполнувањето на втората стратешка цел зачленувањето во ЕУ. Го заштитивме македонскиот јазик, македонскиот идентитет и македонската култура и ги промовиравме на европско ниво. Бидејќи вие бевме сведоци како медиуми и целата јавност дека засветеа во 2022 преговарачките кабини со македонски јазик во Брисел, се преведува целото законодавство на македонски јазик, рече Ковачевски во интервјуто за Алсат М телевизија.
20.03.2024 - 21:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега