Ковачевски: Само со последниот пакет мерки поддржуваме 200 илјади граѓани, тоа е докажана и видлива грижа

 

„За овие 10 месеци откако ја предводам владата одвоивме над 760 милиони евра за два пакета мерки за помош на граѓаните и компаниите. Во споредба со земјите од регионот имаме најголем пакет на антикризни мерки, 5 отсто од БДП. Ова го потврди и Светска банка.  Тоа значи дека  200.000 граѓани поддржуваме само со последниот пакет антикризни мерки“ изјави премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски од граѓанската трибина во Кавадарци.

Тој додаде дека Владата уште од самиот старт покажа дека е посветена кон подобрување на животниот стандард на граѓаните и во првите сто дена од мандатот ја зголеми минималната плата на 18 илјади денари.

„Пензиите за 6 месеци ги зголемивме за 10 отсто, со новата методологија што значи во март 2023 година ќе има ново покачување. Во календарска година пензиите да се зголемат пензиите за 16% досега се нема случено“ рече Ковачевски.

Премиерот доадде дека Владата продолжува да ја субвенционира струјата за околу 600 илјади домаќинства и 72 илјади компании.

 

„Претходно, во време на пандемијата, без заменик министер за финансии и горд сум што учесвував во подготовката на неколку пакет мерки со кои обезбедивме помош и поддршка од 1,2 милијарди евра. Вкупно, тоа се две милијарди евра директна помош кон граѓаните и стопанството за 3 години“ рече Ковачевски.

05.11.2022 - 21:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега