Ковачевски- Рот: Цврста поддршка од Бундестагот за евроинтегративниот процес, уставните измени ќе ја обезбедат европската иднина на Северна Македонија
Претседавачот на Комитетот за надворешна политика на Бундестагот, Рот ја потврди цврстата поддршка на Германија за Северна Македонија на патот на евроинтеграциите и оцени дека сега е време државата да продолжи одлучно напред се до исполнување на стратешката цел-членство во Европската Унија.
Премиерот Ковачевски подвлече дека длабоко ја цениме Резолуцијата на германскиот Бундестаг со којашто се потврдува недвосмислената поддршка на Северна Македонија за приклучување кон ЕУ со сопствен македонски идентитет, јазик, култура и историја како дел од европскиот мозаик.
На средбата, беа препознаени и поздравени напорите на Владата на Република Северна Македонија во имплементација на реформските процеси во насока на подобрување на состојбите во сите сфери на општественото живеење.
На средбата беше потенцирано дека треба да постои свесност кај сите парламентарни политички партии за обединување околу исполнувањето на заедничката стратешка цел- членството на Северна Македонија во Европската Унија бидејќи тоа ќе донесе безбедна и проспертитетна иднина за сите граѓани.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа