Ковачевски - Рено-Басо: Јасна поддршка од ЕБРД за започнатите проекти и справувањето со aктуелните предизвици
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, придружуван од министерот за финансии, Фатмир Бесими, се сретна со претседателката на ЕБРД, Одил Рено-Басо, придружувана од делегација од Европската банка за обнова и развој.
На средбата е заеднички поздравена успешната соработка помеѓу нашата држава и ЕБРД, како еден од најголемите поддржувачи на инфраструктурни проекти во земјава.
Констатирано е дека е важно да се продолжи со започнатите проекти и со привлекувањето инвеститори. Во таа насока изразена е определба од двете страни дека реализацијата на проектите продолжува непречено да се одвива, независно од кризите предизвикани од војната во Украина, посебно што станува збор за реализација на важни проекти за граѓаните и државава, во областа на енергетиката, транспортот, животната средина.
На состанокот е соопштено дека Европската банка за обнова и развој е подготвена да помогне на Република Северна Македонија во справувањето со предизвиците од војната во Украина.
Премиерот Ковачевски се заблагодари за успешната соработка со ЕБРД, пришто, заедно со министерот Бесими и претставниците од ЕБРД е разговарано и за можностите за унапредување и во делот на потребната техничка поддршка и експертизи.
Исто така, поздравен е фокусот на Владата кон земјоделството и обезбедувањето храна и е оценето дека постои простор за поддршка од ЕБРД и на овој план.
На средбата се споделени мислења за актуелни политички прашања, пришто е констатирано дека иницијативата Отворен Балкан отвора можности за развој на регионот и е нагласено значењето на европските интеграции, како за регионот, така и за самата Европска Унија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа