Ковачевски: Реално е да влеземе во ЕУ во 2030 година
Денес владата на Република Северна Македонија ја донесе одлуката за воспоставување на струкура за преговори за пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија, изјави премиерот Ковачевски кој за заклучоците и информациите најави дека е задолжен вицепремиерот задолжен за европски прашања, Маричиќ, кој воедно, согласно одлуката на Владата ќе биде и главниот преговарач.
Ковачевски додаде дека заедно со вицепремиерот се сложни по неколку прашања, а тоа е дека преговирите треба да се одвиваат со забрзана динамика и да се затворат што е можно поскоро.-Особено сум горд што дојдовме до моментот кога почнавме да зборуваме за техничките елементи врзани со преговорите со ЕУ.
-На 19 јули кога ги отпочнавме преговорите свртевме нова страница во македонската историја. Покажавме дека знаеме да се однесуваме државнички и храбро, да носиме државнички одлуки, бидејќи само така се трасира патот за понатамошен развој и на економски и на општествен план, вели Ковачевски.
Премиерот додава и дека со одржувањето на првата меѓувладина конференција е направен историски исчекор во стратешка смисла.-Ја повторивме нашата заложба за полноправно членство во Унијата и со тоа ги повторивме европските вредности за кои што се залагаме. Преговорите официјално започнаа, а со тоа се наметна потребата што поскоро да се направи концепт за преговарачката структура, согласно новата методологија за водење на преговорите за пристапување во ЕУ, изјави премиерот Ковачевски.
-Целта ни е да ги завршиме преговорите во 2030 година. Тоа е реално и достижно. Сигурен сум дека во следното проширување на ЕУ ќе биде и Македонија, рече Ковачевски нагласувајќи дека тој процес, секако, ќе заврши со заштита на нашите интереси.
Според премиерот, структурата на преговарачкиот тим е договорена и тој има целосна доверба во капацитетот на Секретаријатот за европски прашања да ги води и координира преговорите со Унијата, како и да се носи со сите предизвици.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа