Ковачевски: Работниците ни се на прво место

Премиерот Димитар Ковачевски во придружба на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, заменик на претседателот на Владата за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, градоначалник на Пробиштип Драган Анастасов, во рамки на посетата на Општина Пробиштип ја посети и компанијата „Булмак 2016“.
 
„Грижата за работниците и за граѓаните е на прво место на оваа Влада. И во услови на најголема светска криза продолжуваме политики кои го поттикнуваат растот на просечната плата која надмина 30.000 денари.
Пензиите доживеаја историски најголем раст, прво преку усогласувањето направено на почетокот на годината преку менувањето на методологијата и усогласувањето кое што ќе следува во месец октомври“, изјави премиерот во своето денешно обраќање при посета на компанијата во Пробиштип.
 

06.06.2022 - 18:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега