Ковачевски: Нашите политики даваат резултат, минимална плата од 20.175 денари

 
Политиките на Владата предводена од СДСМ даваат резултат и тоа со потврдува со реални, официјални податоци, оцени претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во вечерашното гостување во Дневникот на Телевизија Сител.
-Системските решенија што ги направивиме минатата година даваат резултат, бидејќи платата од 15.000 денари кога јас дојдов како премиер сега е 20.175 денари. Зборуваме за минималната основна плата, без минат труд, без било какви други додатоци. Тоа исто така влијае и на зголемување на другите плати, само врз основ на ова зголемување на други 27.000 работници ќе им биде зголемена платата, во оние сектори кои што ги имаат усогласено своите колективни договори со Законот за минимална плата, а што се однесува до приватниот сектор таму веќе најголемиот дел од вработените, работат над минималната плата, истакна Ковачевски.
Претседателот Ковачевски порача дека зголемувањето на минималната плата мора да придонесе за раст на продуктивноста на работниците со што македонската економија би станала уште повеќе поконкурентна.
16.03.2023 - 21:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега