Ковачевски: На Македонија ѝ треба претседател кој нема да биде продолжена рака на политичките партии


„За мене е интересно што претседателот на ВМРО- ДПМНЕ, господинот Мицкоски во однос на претседателските избори повеќе зборуваше за претседателскиот кандидат на СДСМ. Претседателот Пендаровски јас ќе повторам уште еднаш докажа дека се рабори заисклучително интегритетна личност, човек кој не направи ниту една стратешка грешка во однос на интересите на државата, повторувам дека тој беше национален координатор за НАТО, станавме земја членка на НАТО, ги отпочнавме преговорите со ЕУ и го задржа својот интегритет како претседател на сите и како независна политичка фигура,“ рече претседателот на СДСМ и носител на листа во ИЕ 1, Димитар Ковачевски на дуелот со Христијан Мицкоски на Канал 5.

Тој се осврна на тоа дека, често пати претседателот Пендаровски имал различно мислење од мнозинството во парламентот, и тоа јасно го кажувал.

„И сметам дека таков претседател и треба на Македонија кој што нема да биде продолжена рака на политичките партии туку напротив ќе биде во служба на граѓаните и во интерес на граѓаните. Во вториот изборен круг веќе кажав дека ќе бидат двајца кандидати според она што го гледаме од истражувањата на јавното мислење, тоа ќе биде претседателскиот кандидат Пендаровски и претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. Коалицискиот потенцијал на претседателот Пендаровски е многу поголем, пред се тука мислам на граѓаните кои што го подржуваат“ рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ рече дека тие имаат многу јасна визија, многу јасен план за тоа каде треба да биде Северна Македонија во наредниот 4 годишен мандат како влада и наредниот 5 годишен мандат како претседател на државата, а тоа е земја членка на ЕУ.

„Сите оние, а тоа се мнозинство граѓани и политички партии кои што го докажаа тоа во изминатиот период кои што се за таква Македонија тие сигурно ќе го поддржат господинот Пендаровски,“ рече Ковачевски.

03.04.2024 - 20:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега