Ковачевски: Имаме конкретен план како државата да стане земја членка на ЕУ


„Ние имаме конкретен план како Македонија да стане земја членка на ЕУ, кај ВМРО има само неодлучност“, потенцираше претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на вечерашниот „Дуел за Македонија“ на Канал 5 телевизија.  
 
„Република Северна Македонија успешно го заврши билатералниот скрининг со Европската Унија. Таму јасно стои дека тоа е така и овој параграф е најкраткиот што Македонија некогаш го имала во Брисел. Сега останува да ја заврши својата обврска за уставните измени и да ги отвори поглавјата. Ние тогаш имавме пенал, но не го шутиравме затоа што немаше одлучност кај ВМРО ДПМНЕ, Левица и уште неколку партии да ги гласаат уставните измени во Собранието. Затоа велам дека ние имаме план. Кој е планот на Мицкоски? Тоа е клучното прашање - дали има план? Јас велам дека тие немаат план како Македонија да стане земја членка на ЕУ“, рече Ковачевски. 
 
Тој истакна дека историските прашања се дел од билатералниот договор со Бугарија, а не од преговарачката рамка со ЕУ и токму како резултат на тоа веднаш по уставните измени, Македонија ќе ги отвори сите поглавја за преговори со ЕУ.

 

03.04.2024 - 20:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега