Ковачевски: Имаме добри економски показатели и релизации остварени во изминатата 2021 година

Имаме добри економски показатели и релизации остварени во изминатата 2021 година, напиша лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски на социјалната мрежа Фејзбук.

„Зголемени се приходите, имаат раст на ниво на релизација од 15,3%, што значи повеќе пари за граѓаните.
Растот на економијата во 2021 година е над 4%, што значи економските мерки кои ги реализиравме како Влада дале резултат.
Имаме највисоко ниво на реализирани капитални расходи досега, повисока реализација за 45% во споредба со минатата година.
Дефицитот е понизок од планираниот, изнесува 5,4% од БДП, што значи дека задолжувањето на економијата било помало“, се вели во статусот на Ковачевски.
 
Ова е уште една потврда дека економијата е стабилизирана и очекувам во 2022 година проекциите да се реализираат, да го забрзаме растот на економијата, во интерес на граѓаните и стопанството.
Во годината во која ни доаѓаат нови предизвици со енергетската криза, економијата и државата се подготвени да помогнат на граѓаните и компаниите“, пишува Ковачевски.
 

04.01.2022 - 21:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега