Ковачевски и Таравари биле на гости кај Ахмети во Зајас

 

 

Премиерот на Република Македонија, Димитар Ковачевски и лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари денеска биле на гости кај првиот човек на ДУИ, Али Ахмети во Зајас, објави „Алсат“.

 

 

Неофицијално беше објавено дека Алијанса за влез во Владата добила понуда за три министерства.

 

Таравари ќе добие и три заменички министри, а во третиот ешалон се во барањата  на Алијанса 30 директорски места. Според висок партиски функционер во Алијанса ќе има и содржински  пакет , а во него ќе влезе и промената на 20 % од формулацијата на јазикот.

 

 

18.11.2022 - 22:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега