Ковачевски: Ако пироманот Апасиев и Мицкоски дојдат на власт, пак ќе бидеме гладни, сиромашни и блокирани
Премиерот на Република Македонија, Димитар Ковачевски денеска беше на граѓанска трибина на СДСМ во Кичево.
Ковачевски кажа дека не смеат Апасиев и Мицкоски да дојдат на власт.
„Ако пироманот Апасиев и заложникот Мицкоски дојдат на власт, повторно ќе бидеме блокирани од ЕУ како во времето на Груевски, а економијата ќе ни крахира. Ќе се будиме со лажно чувство на гордост, но гладни, сиромашни и блокирани“, кажа Ковачевски.
18.11.2022 - 21:39
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа