Бугарскиот европратеник од Европската народна партија (ЕПП), Андреј Ковачев, побара итно усвојување на измените во Законот за бугарско државјанство за време на средба со бугарски новинари во Брисел.

Според Ковачев, сегашниот закон е „нелогичен“ и не овозможува соодветно легитимирање на бугарската заедница во Република Северна Македонија. Тој повика Законот да биде променет што е можно поскоро.

Нацрт-законот предвидува дел од личните податоци на лицата кои добиле бугарско државјанство да станат јавни. Ова се бара со цел да се потврди нивната идентификација како етнички Бугари.

Ковачев истакна дека со ова ќе се потврди и колку е голема бугарската заедница во Северна Македонија и кои лица имаат бугарски документи за идентификација.

Европратеникот го опиша процесот на добивање државјанство и го прецизираше бројот на лицата:

„Јавен регистар во Министерството за правда со ограничен број податоци за името и местото на живеење на засегнатото лице, кое побарало бугарско државјанство и го добило. Тие се речиси над 170-180 илјади во однос на Македонија, а во моментов веројатно има над 15-20 илјади кои се обработуваат. Вие самите дојдовте доброволно и сте кажале: „Еве, бабо, дедо, тие се Бугари. Еве ги документите дека биле во егзархијата, во војската, во бугарското училиште. Јас потпишав декларација дека се чувствувам како етнички Бугарин и врз основа на ова добивам бугарско државјанство“, изјавил Ковачев.

Exit mobile version