Костовски: Политичката репресија и прогонот од криминалците на власт мора да запрат

Откако СДСМ на власт оваа држава не е ниту малку слободна, истакна денеска на протестот на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје пратеникот Дарко Костовски.

Според него, државата е запоседната или заробена од малкумина политичари кои што се, како што рече, криминогени и едноставно работат за да ја подобрат почвата за криминалците и криминалот.

-Вечерва сме на протест пред Владата на Република Македонија, против криминалот, против невидената корупција од огромни размери и исклучително против политичкиот прогон кој што се случува во Македонија. Како што се вели во политичката наука, политичка репресија која се јавува кај политички неистомисленици т.е. се јавува спрема оние кои што немаат ист став со актуелната власт користејќи ги сите државни апарати, односно злоупотребувајќи ги. Она што сакам да го истакнам е дека ова е период на милионски тендери кои што Владата ги мести, меѓутоа се одвива рекет на сите можни нивоа, од високи бизнисмени, до локални гранапчиња во населените места, а народот верувајте нема ни за леб, рече Костовски.

Според него, половина милион жители живеат со само 130 денари дневно , додека 25 илјади жители во Македонија живеат со минимални само 44 денари дневно, додека луѓето од власта енормно се богатат.

-Не смее да си дозволиме патриотите да гнијат по затворите, а криминалците од власта да бидат на слобода. Оваа власт додека ги пушта криминалците на слобода, многу често и го обвинува народот дека е виновен за најразлични политички текови во државата и тоа можеби е еден од првите симптоми дека станува збор за диктаторска власт. Овој политички прогон мора веднаш да запре, знаеме дека се случува поради немоќта на власта. Таа е исплашена дека за многу скоро ќе дојде тој ден кога ќе се соочи лице во лице со чистата и јасна правда, меѓутоа ова што му го прават на македонскиот народ, тој нема да го заборави и ќе го казни час поскоро, вели Костовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.10.2020 - 20:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега