Костовски: Откако темата со изборите е затворена до 2024 година, Мицкоски да се откаже од блокадите

Мартин Костовски, пратеник на СДСМ, на прес-конференција кажа дека темата со изборите е затворена до 2024 година, па Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да се откажат од блокадите и опструкциите.

„Сега, откако темата за парламентарните избори е затворено прашање до 2024 година, Мицкоски треба да се откаже од натамошни блокади и опструкции.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ треба да покажат одговорност и конструктивност, законските решенија за граѓаните и помош во време на криза да бидат усвоени.

Примери низ светот има бројни, во време на глобална криза, опозицијата и власта треба заедно да работат во интерес на граѓаните а не опозицијата да блокира, да кочи и опструира. Тоа го нема никаде освен кај ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа повикуваме на разум, ВМРО-ДПМНЕ сега треба да покаже конструктивност, да почне да работи за интересите на граѓаните, наместо за личните амбиции на Мицкоски.

Граѓаните во овој чувствителен период од сите политички субјекти со право очекуваат одговорност, работа и посветеност во надминување на последиците од глобалната криза.

Впрочем оваа порака граѓаните му ја испратија директно на Христијан Мицкоски со дебаклот на митингот и слабиот одѕив.

Јасна е пораката на граѓаните до Мицкоски: не сакаат блокади и опструкции туку очекуваат одговорност од сите партии.

Граѓаните се против блокади и деструкции и очекуваат решенија за проблемите предизвикани од светската економска криза.

Таа порака Мицкоски мора да ја прими да постапи во интерес на граѓаните а не да води инает“, вели Костовски.

20.06.2022 - 12:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега