Костовски: Дали Заев е немоќен да му каже на Груби да го почитува Уставот на Република Македонија?

Артан Груби да каже на која земја е министер, реагира на фејсбук  Дарко Костовски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ

Тој прашува дали Заев е толку немоќен што не може да го натера Груби да го почитува уставот на Република Македонија !? 

„Внимавајте, Груби е прв заменик премиер, функција која му ја измисли Заев и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците. Груби кој е вицепремиер на сите граѓани, а не само на една етничка заедница треба да биде еднакво достапен за сите.

Ако интернет страната е достапна само на албански јазик, како македонците ќе можат да се информираат за активностите на вицепремиерот Груби? А Груби е и министер за политички систем и односи со заедниците. Како припадниците на другите заедници ќе се информираат за неговите активности?

Есно општество за сите или како беше? Поголема поделба и аматеризам немало!

Заев чекаме одговори! До каде сме со едно општество за сите? До каде сме важно е да се разбереме

#БаграБезКомпас“ стои во објавата на Костовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.11.2020 - 13:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега