3.000 денари за секое новородено дете во општина Бутел, најави градоначалникот на Бутел Дарко Костовски кој е кандидат за уште еден градоначалнички мандат.
– Со задоволство најавувам дека за прв пат нашата општина ќе обезбеди надоместок за новороденче во висина од 3.000 денари. Оваа поддршка е дел од нашата заложба за подобрување на условите за младите семејства во општина Бутел. Ние не застануваме – инвестираме во инфраструктурата која ќе ја подобри иднината на секое дете, порача Костовски.
Се осврна и на објектите за предучилишно воспитание.
– Изградивме две градинки во Бутел 1 и Бутел 2, а во наредниот период ќе изградиме уште три нови градинки во Радишани, Визбегово и Бутел 1. Нашата визија е јасна, создаваме услови за развој и иднина за секое семејство, потенцира Костовски.