Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, во дебатниот магазин „Само Вистина“, упати остри критики до актуелната власт поради одбивањето да ја зголеми минималната плата. Таа откри дека СДСМ веќе двапати поднесува закон за минималец од 660 евра, но власта еднаш го одбила на гласање, а вториот пат не го ни ставила на дневен ред со образложение дека „материјалите не стигнале навреме“.
„Трошоците за живот и сметките растат, а работниците имаат право да бараат пристојни примања. Наместо поддршка, власта ги етикетира синдикалците кои си ги бараат правата“, истакна пратеничката, додавајќи дека инфлацијата ги јаде примањата на граѓаните.


