Костадиновска – Стојчевска: ДПМНЕ сака да предизвика криза, нема да дозволиме

 

,,Посакувано сценарио на ДПМНЕ е да има криза, како што видовме во изминатите две години, секогаш кога нешто не им оди од рака, сакаат криза, но тоа нема да го дозволиме”, рече потпретседателката на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска за најавите на опозицијата дека е можно да не учествува во техничката влада пред изборите.

Таа додаде дека токму Пржинската влада беше воведена како модел за да се излезе од таа политичка криза која ја наметна ВМРО-ДПМНЕ во 2015 година и дека до сега не покажале одговорно однесување.

-Не покажале одговорно однесување што ќе им покаже и на нивното гласачко тело, дека како одговорна партија која не шири паника, не шири лажни вести, не шири дезинформации на дневна основа и која што стои зад своите ставови како што СДСМ стои на своите ставови,  посочи Костадиновска-Стојчевска.

На прашањето за можноста за предизборни коалиции Костадиновска-Стојчевска изјави дека СДСМ има најголем коалициски капацитет и е отворена за коалиција со сите партии кои се проевропски ориентирани.

-СДСМ секогаш бил отворен за коалицирање со сите партии, не само со албанските партии, туку со сите партии со кои програмските определби ни се слични или ни се исти, тоа значи дека секогаш сме биле отворени за коалицирање, додаде таа, потрнцирајќи дека програмските определби на СДСМ се повисок стандард за граѓаните и интеграција во ЕУ и НАТО.

-Една од нашите утврдени програмски определби на партиски Конгрес уште од 1991 – 1992 година, како две најважни цели е да станеме НАТО земја членка и да станеме полноправна членка на Европската унија. Денеска, НАТО земја членка сме и го гледаме бенефитот и значењето колку сме ценети заради тој статус, сега е време за исполнување на стратешката цел за членство во ЕУ, рече потпретседателката на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска за Алсат М Телевизија.

28.11.2023 - 22:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега