Close Menu
Press24
    Најново

    Хаос на Блискиот Исток: Над 400 Македонци чекаат евакуација, МНР подготвува план

    02.03.2026 во 14:15

    Повисоки плати од март: Минималецот зголемен за 1.667 денари, соопшти министерот Дурмиши

    02.03.2026 во 14:11

    Ужас во Скопје: 35-годишна жена со тешки повреди заврши во болница, сопругот ја претепал и ѝ се заканувал со убиство

    02.03.2026 во 14:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Хаос на Блискиот Исток: Над 400 Македонци чекаат евакуација, МНР подготвува план
    • Повисоки плати од март: Минималецот зголемен за 1.667 денари, соопшти министерот Дурмиши
    • Ужас во Скопје: 35-годишна жена со тешки повреди заврши во болница, сопругот ја претепал и ѝ се заканувал со убиство
    • Приведен кавадарчанец: Превезувал украдени дрва со нерегистрирано возило, без возачка, поминал на црвено и не застанал даден знак од полицијата
    • (ВИДЕО) Цело обезбедување чека – Претседателката вади пари од банкомат
    • Добри вести: Минималната плата во Македонија се зголемува
    • Трчајте на бензинска: Горивата поскапуваат
    • Полицијата во шок откако стопирала „голф“ и „мерцедес“ во Охрид и Струга
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Костадинов заработи уште една кривична пријава

    Костадинов заработи уште една кривична пријава

    18.12.2025 во 12:472 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против К.К.(35) и Б.Ш.(64), двајцата од Струмица, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „несовесно работење во службата“ и против И.Г.(54) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

    Пријавената И.Г., во својство на раководител на Одделението за администратирање на приходи при општина Струмица, постапувајќи спротивно на одредбите од Законот за даноците на имот, во четири наврати ги пречекорила своите овластувања со тоа што изготвила решенија за даночно ослободување од данокот на промет на недвижен имот при продажба на станови од станбена куќа со наменска класификација А1. Ваквото ослободување од плаќање било направено повикувајќи се на член 25 од Законот за даноците на имот, меѓутоа одредбите за таквото даночно ослободување се однесувале само за станбени згради и станови кои согласно класата на намени се со номенклатура А2.1, но не и за станбени куќи со номенклатура А1.1, за кои и биле изготвени решенијата. Исто така, И.Г. во три од четирите решенија, во отсуство на пријавениот Б.Ш., се потпишала и во полето Потврдил-контролирал.

    Пријавениот Б.Ш., во својство на Раководител на Секторот за финансиски прашања при општина Струмица и пријавениот К.К., во својство на градоначалник на општина Струмица, постапиле несовесно при вршењето на своите службени овластувања и пропуштиле должен надзор при постапувањето по тие предмети и ги потпишале изготвените решенија за даночно ослободување изготвени од И.Г.. Со ваквите дејствија пријавените лица го оштетиле буџетот на општина Струмица за износ од 668.388 денари.

    Популарно

    Масовна тепачка пред угостителски објект во Карпош: Приведени седум лица

    01.03.2026 во 13:35

    Војната ескалира: Нападната територија на земја членка на ЕУ

    02.03.2026 во 10:00

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    Ужас во Делчево: 15-годишник обљубил малолетничка

    01.03.2026 во 13:33

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.