Многу проекти со прецизно утврдени рокови на реализација најави кандидатот за градоначлник на Општина Чешиново-Облешево од ВМРО-ДПМНЕ, Јорданчо Костадинов на денешниот митинг.

-Првата година од мандатот, грижата за децата ја ставаме на прво место. Субвенција за секое новородено дете и субвенција за секое запишано прваче, како и за секое талентирано дете и студент од нашата општина. Модернизација на двете училишта во општината по европски стандарди. Секој млад брачен пар кој ќе одлучи да гради дом, ќе биде ослободен од сите комунални и административни такси. За сите пензионери ќе овозможиме простор за релаксирано дружење, истакна Костадинов.

Тој најави помош за сите спортски клубови и изградба на спортски терени.

Во програмата има проекти за чиста еколошка средина, како и организирање на манифестацијата „Денови на оризот“.

Leave A Reply

Exit mobile version