Костадинов: Со кои структури во Бугарија интензивно соработува Мицкоски?

Во име на државните и национални интереси на нашиот народ, јавно го повикуваме Христијан Мицкоски да излезе пред граѓаните и да одговори: Со кои структури во Република Бугарија интензивно соработува во овој период?, праша денеска на прес-конференција портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

-Вчера, во обраќањето пред неговите малубројни поддржувачи, на она срамно дефиле пред Владата, Христијан Мицкоски рече дека има, цитирам, „информации дека овој викенд во Софија се распарчува Македонија“. Христијан Мицкоски има должност да излезе пред граѓаните и да каже кој му ја дал оваа информација? Дали лично му се јавија на Мицкоски или преку посредници? Ако знаел дека се спрема нешто опасно по државата зошто не пријавил во надлежни институции?, праша Костадинов.

Вели дека во Софија ниту се распарчувала Македонија, ниту имало официјални претставици од Македонија.

-Клучното пршање е за кого одработува Христијан Мицкоски? За чии странски интереси, за кои центри? Во време кога се наоаѓаме во многу важен период за македонската иднина, за членството во ЕУ но и иднината на државата Мицкоски работи против сопствената држава. Масовно и оркестрирано се шират невистини, се пласираат лажни вести, се поттикнуваат конфликти, нетолеранција и поделби меѓу граѓаните. Слично како и потпишувањето со Преспанскиот договор. И тогаш се ширеа лаги дека толку со македонскиот идентитет за да се покаже сосема спротивното, дека е потврден и признаен, рече Костадинов.

Според него, за македонскиот идентитет не се разговара, и не може да се разговара ниту ќе разговара.

-Мицкоски, на твоја огромна жал. Ние сме Македонци! Зборуваме македонски јазик кој НЕМА бугарски корени! Македонската иднина е во и со Европа! И Македонците не се хистерични како што ти ги навредуваш! Излези и кажи за кои структури одработуваш против сопствената држава и сопствениот народ?, рече портпаролот на СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.11.2020 - 13:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега