Костадинов откако опозицијата го напушти Собранието: Каде плови овој брод на ВМРО-ДПМНЕ?

Каде плови овој брод на ВМРО-ДПМНЕ?! Во момент кога треба да ги разгледуваме и гласаме точките за поддршка на граѓаните во оваа КОВИД пандемија, пратениците на оппозицијата без грам чувство ја напуштија салата, објави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов на Фејсбук.

„Се извинувам почитувани граѓани што имаме болни пратеници, за жал дел и хоспотализирани и не сме во можност да ги изгласаме точките“, напиша Костадинов.

Наместо пратенички прашања, денеска прво во Собранието ќе се одржи 36-тата седница во чии точки на дневен ред се и законите за економската помош од петтиот пакет.

Опозицијата бурно реагираше, сметајќи дека ќе нема право да поставува прашања, по што го напуштила Собранието.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.03.2021 - 12:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега