Костадинов го претстави проект за изградба на нов и модерен зелен пазар
Кандидатот за градоначалник на Струмица од СДСМ, Костадин Костадинов денеска на прес – конференција информираше за проектот за изградба на нов и модерен зелен пазар.
-Планираниот нов зелен пазар ќе обезбеди непречено извршување на непосредната трговија, пред сé. Дополнително, со изградбата на атрактивен и модерен пазаришен простор кој ќе ги содржи сите потребни придружни објекти ќе бидат подобрени условите за експлоатација, како за продавачите така и за купувачите и посетителите. Односно, сите жители на општина Струмица ќе имаат можност да ги користат услугите на пазарот, дел од нив како трговци, а дел како купувачи, рече Костадинов.
Според него, понудата и продажбата на производите ќе биде организирана во согласност со типот на производите, нивната трајност и други важни параметри за нивен соодветен третман, а една од најзначајните придобивки на овој проект ќе бидат подобрени санитарни и хигиенски услови за сите корисници на комплексот.
-Конкретната локација која ја избираме за изградба на овој нов модерен, зелен пазар е со соодветна намена и во согласност со постоечкиот детален урбанистички план. Нудиме инфраструктурно поврзување на пазарот со градот преку изградба на модерно булеварско решение на потегот од булеварот „Климент Охридски“, кај автобуската станица, што преку ново изградениот мост на реката „Водочница“ ќе се спои со улицата во индустриската зона „Агроберза”, додаде кандидатот за градоначалник на Струмица од СДСМ и колицијата, Костадин Костадинов.
Како што истакна тој, проектот кој што го нудат опфаќа комплетна изградба на нов зелен модерен пазар, со чија реализација ќе се креира простор кој што може функционално да ги задоволи потребите на сите граѓани, подеднакво. Во одредена фаза од реализација на овој капитален проект предвидена е соодветна дислокација на постоечкиот пазар „Чешел”, за која што локација со програмата на Костадинов се предвидува изградба на струмички боемски парк.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа