Поранешниот градоначалник на Струмица, Коста Костадинов, денеска излезе со реакција во која ги отфрла во целост наводите за сомнение за сторено кривично дело во врска со јавната набавка на електричните автобуси, за која СВР Струмица поднесе кривична пријава против него и уште пет лица.
Ги отфрлам во целост наводите за сомнение за сторено кривично дело во врска со јавната набавка на електричните автобуси во Струмица, истакна Костадинов.
Костадинов потенцираше дека проектот од стратешко значење за општина Струмица од кој, денес во пракса сите жители на општината имаат јасни економски, еколошки и сообраќајни бенефити, процедурално е инициран од Општината, изгласан на Советот на Општина Струмица, со јасни насоки за формирање Јавно Сообраќајно Претпријатие, спроведување на јавна набавка за автобуси и имплементација на проектот.
„Верувам дека сите овие чекори се спроведени според важечките закони. Истовремено, сакам да потенцирам дека лично јас, а се надевам и сите наведени лица за кои што постои сомневање дека сториле кривично дело, стоиме на располагање на сите надлежни органи и институции со цел да им биде елаборирано и појаснето на каков начин е спроведен овој проект кој денес беспрекорно функционира во пракса.
Политички коментар не би сакал да давам“, нагласи Костадинов.
Актуелно
- Ѓорѓиевски: Скопското Кале ќе биде жива културна сцена на градот
- АХВ со итно предупредување: Се повлекува небезбедна бебешка храна „Аптамил“ од Македонија
- Валандово: Референтка од катастар и струмичанец фалсификувале имотни листови
- По 19 години уапсен Македонецот кој изврши тројно убиство
- Измама во Скопје: Турчин му зел 6.650 евра на сонародник за лажни документи, па „исчезнал“
- Приведен 77-годишен старец – допирал скопјанка по телото
- Тепачка на паркинг во Карпош: Возач на приватен автобус и уште едно лице нападнале скопјанец
- Инцидент во скопско училиште: Наставник физички нападнал малолетник во салата за физичко

