Костадинов: Државата сака да фати дел од колачот што стопанството го обезбедило со макотрпна работа во претходната година

Државата сака да фати дел од колачот што стопанството го обезбедило со макотрпна работа во претходната година. Тој закон доаѓа ненајавено – посочи Ромео Костадинов, потпретседател на Сојузот на стопански комори во Тема на денот на вестите на Сител Телевизија како коментар на воведувањето на тн Солидарен данок.

– Најтешкиот проблем е што тој данок неочекувано дојде да се плати во 2023 година, во време кога сите финснсиски проекции се направени за работењето во 2023 година, исплатена е дивидендата од 2022 година и нема дополнителни ресурси од каде што тоа би требало да се обезбеди. Тоа значи дезинвестирање, односно намалување на потрошувачката, помал промет и помлку даноци во државата од друга страна.

Според Костадинов овој данок на солидарност ќе предизвика поголема штета отколку корист за државата.

– Тие пари кои што стопанството требаше да ги инвестира, сега ќе ги пушти во буџетот и таму се предвидува на нетранспарентен начин да се потрошат. Нема раздели, нема ставки, нема износи. Ова вака значи дека ќе се потрошат како што ќе донесе одлука Владата.Тие средства, сега за сега немаат цел- посочи Костадинов и дополни дека на стопанството му треба предвидливост, бидејќи непланираните трошоци носат економска несигурност која ги одвраќа инвеститорите.

Од овој закон најпогодени ќе бидат оние компании кои од 2017 до 2021 година донесоа одлука добивката од претходната година да ја реинвестираат во нови инвестиции- заклучи Костадинов и истакна дека владата треба да работи на сузбивање на сивата економија поради која многу парични средства остануваат ненаплатени како данок или во превод оној кој што требало да плати не плаќа, а дополнително се оптоваруваат оние кои редовно го плаќаат данокот.

24.07.2023 - 21:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега