Косовски министер: Вооружувањето на Србија е закана за мирот во регионот
Министерот за одбрана на Косово, Арменд Мехај кажа дека наоружувањето на Србија од Кина, а претходно од Русија, претставува закана за мирот и стабилноста на Балканот.
Мехај преку Фејсбук ги повика НАТО, Европската унија и Организацијата на обеединетите нации сериозно да го разгледаат однесувањето на Србија.
„Купување на ново оруѓје од Кина, како и Русија, нè носи до деструктивно, опасно и анти-западно однесување на Србија. Оваа претстава се соочува кога ЕУ и НАТО се соочуваат со Русија“, напиша Мехај.
11.04.2022 - 20:29
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа