Коронавирусот се врати во Кина, земјата повторно се соочува со заболени

Во текот на изминатото деноноќие кинеските здравствени власти откриле нови 57 случаи на зараза со коронаворусот а регистрирани се и девет асипмтоматски случаи, двајца пациенти се опоравиле од болеста а нема починати, соопшти во неделата Државната комисија за здравство.

Притоа се прецизира дека од 57-те нови случаи, 38 се локални од кои 36 се заразени во Пекинг и двајца во провинцијата Лиаонинг, додека 19 случаи се „увезени“ односно лица кои од странство допатувале во Кина, и тоа 17 во Гуангдонг, и по еден случај во Шангај и Чонгкинг.

Поради десетиците позитивни на коронавирусот во Пекинг, во саботата итно беше воведен карантин за 11 квартови на главниот град, откако во четвртокот по цели дава месеца беше откриен првиот нов случај на заразата во градот.

Властите затворија пазар за месо и зеленчук, како и пазар за морски плодови кој го посетило едно заразено лице, за да спроведат дезинфекција и земале примероци за анализа. Во саботата утрото доброволци ги посетуваа граѓаните по нивните домови во неколку населби во Пекинг, за да утврдат кој бил на двата затворени пазара. Властите, исто така, најавија скорешно организирање тестирање од широки размери за сите лица кои биле во некаков контакт со овој пазар од 30-ти мај. Затворени се девет училишта и детски градинки. Пекиншките власти во петокот го одложија враќањето на учениците во основните училишта и ги суспендираа сите спортски настани. Откажани се и многу популарните групни туристички посети на Пекинг од другите покраини.

Севкупно во текот на епидемијата во континентална Кина откриени се 83.132 случаи на инфекција со новиот коронавирус, досега се оздравени 78.369 пациенти а уште 129 пациенти со Covid-19 се лекуваат во болниците. Од ткн „увозни“ случаи регистрирани се досега 1.827 заразени од кои оздравеле 1.744 луѓе. Кинеските власти во неделата објавија дека бројот на починатите останува 4.634 лица.

Кинеските власти од 1-ви април започнаа да ги објавуваат и податоците за асиптоматските случаи на болеста. Во текот на изминатото деноноќие откриени се дете вакви сличаи, а од каранти се ослободени две лица кај кои тестовите на коронавирусот биле позитивни, но не манифестирале ниеден од симптомите карактеристични за болеста Covid-19. Под лекарски надзор остануваат 103 асимптоматски носители, но не е познато колку такви случаи имало во Кина во текот на епидемијата.

Одделно, во Хонгконг во текот на целата епидемија беа регистрирани 1.109 случаи на зараза, од кои четири имале смртен исход а досега оздравел 1.061 пациент. Во Макао беа потведени 45 пациенти кои се веќе испишани од болниците. На Тајван, кој Кина го смета за своја одментата покраина, регистрирани се 443 случаи од кои починале седум лица, а досега се оздравени 431.

Кинеските власти на 31-ви декември 2019 година ја известија Светската здравствена организација (СЗО – WHO) за појавата на непознат вид пневмонија во градот Вухан во централната провинција Хубеи. Според првичните сознанија на епидемиолозите, предизвикувач на болеста е нов коронавирус кој веројатно потекнува од пазарот за диви животни во Вухан на кој се продаваат за исхрана или за приготвување препарати за традиционалната кинеска медицина. СЗО на 11-ти март објаво пандемија на болеста Covid-19.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.06.2020 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега