Коронавирусот не ги напаѓа само белите дробови: Ја загрозува и работата на срцето, дури и да се излечи инфекцијата остава трајни последици

Новиот коронавирус најсилно влијае на срцето и белите дробови, особено ако пациентите имаат тешка форма на симптоми на ковид-19, изјави денеска рускиот министер за здравство Михаил Мурашко.

"Можеме да видиме дека на оние кои страдаат од коронавирусот, особено во тешка форма, секако им е потребна рехабилитација. Најранливите органи и системи се белите дробови. Друг важен проблем за кој исто така е потребна медицинска помош се срцевите проблеми, особено миокардитисот", рече министерот.

Мурашко, исто така, истакна дека не се препорачуваат напорни физички активности поради сериозно исцрпување. „Згора на тоа, болеста откако ќе се излечи не овозможува враќање на функцијата и капацитетот на белите дробови“, додаде тој.

Според најновите статистички податоци, над 11.965.900 луѓе се заразени ширум светот и пријавени се повеќе од 547.000 смртни случаи.

Досега, повеќе од 6.913.000 лица оздравеле од болеста ширум светот.

До денес во Русија се потврдени 700.792 случаи на коронавирус, а 472.511 пациенти се опоравиле од оваа болест.

Најновите податоци од Русија покажуваат дека имало 10.667 смртни случаи низ целата земја.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.07.2020 - 11:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега