Коронавирусот може да се уништи за 25 секунди: Научниците во Бостон уверени дека нашле начин да се ослободат од вирусот

Коронавирусот може да се уништи за 25 секунди, сигурни се истражувачите од Националната лабораторија за заразни болести на универзитетот Бостон. Според научниците, неопходно е да се користат ултравиолетови зраци за таа намена.

Група научници изведоа експеримент за време на кој материјалот, контаминиран со вирусот Ковид-19, беше изложен на различни дози на ултравиолетови зраци од ламба. Научниците исто така ја проценија стапката на уништување на патогени.

Како што било откриено, во доза од 5 мегајули на квадратен сантиметар, ширењето на вирусот било намалено за 99 проценти за шест секунди. Инфекцијата била целосно уништена за 25 секунди откако била изложена на зрачење, со јачина од 22 мегајули на квадратен сантиметар.

Истражувачите се сигурни дека светилката од 13 вати може да ги исчисти честичките на Ковид-19 од простор од 15 квадратни метри, според порталот „Биоссајс“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.06.2020 - 11:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега