Коронакризата ги погоди и најмоќните: Дизни отпушта 28.000 вработени

Американскиот медиумски гигант Волт Дизни објави дека ќе укине 28.000 работни места во одделот за домашни паркови и производи за широка потрошувачка во САД поради ограничениот број посети.

„Едноставно, не можеме одговорно да ги вработиме сите работници додека работиме со толку ограничен капацитет“, им напиша на директорите Џош Д’Амаро, директорот на парковите Дизни.

Тој ги нарече отпуштањата „единствена можна опција“ со оглед на коронавирусот и проширените ограничувања.

Околу 67 проценти од работниците кои ќе бидат отпуштени работеле со скратено работно време, соопшти компанијата.

Дизни се најде на удар на критиките во пандемијата откако беа испратени на неплатено отсуство во април и им ги скрати платите на 100.000 работници, додека извршните директори продолжија да добиваат целосна плата.

Компанијата, во меѓувреме, отвори неколку паркови, но со ограничен капацитет. Оние во Калифорнија останаа затворени.

Се проценува дека работодавците во САД повторно отвориле околу половина од изгубените работни места од март, но закрепнувањето на пазарот на трудот започнало да покажува знаци на забавување, а предлогот за нов пакет мерки за поддршка со месеци е блокиран на Капитол Хил.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.09.2020 - 18:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега