Корисниците на семејна пензија треба да достават соодветна потврда до 30 ноември

Министерството за труд и социјална политика и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Северна Македонија и Министерството за образование ги известуваат сите ученици и студенти кои се корисници на семејна пензија, да достават соодветна потврда со која ќе го докажат својот статус на ученик, односно студент, врз основа на која се продолжува исплатата на семејната пензија заклучно до 30 ноември 2020 година.

-Поради ситуацијата со пандемијата на Ковид-19 и започнувањето на школската/академската година еден месец подоцна, односно од октомври 2020 година, како и поради спроведувањето на онлајн настава, голем број на деца корисници на семејна пензија сеуште ја немаат доставено потребната потврда која се издава од соодветна образовна институција, се вели во соопштението од Министерството за труд и социјална политика.

Министерството повикува во процесот на подигнување на потврдите од образовните институции и при нивното доставување до Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да бидат почитувани мерките за заштита од коронавирусот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.11.2020 - 12:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега