Координаторот на пратеничката група ВЛЕН, Беким Ќоку, заедно со раководството на ВЛЕН, денеска оствари средба со европратеникот Томас Вајц, постојан известувач на
Европскиот парламент.
На средбата беше изразена благодарност за континуираната поддршка на Европската Унија и Европскиот парламент за евроинтегративниот процес на државата, како и за поддршката на реформската агенда насочена кон зајакнување на
владеењето на правото, демократијата и институционалната стабилност.
Соговорниците разменија мислења за актуелните политички состојби, реформските приоритети и следните чекори на патот кон полноправно членство во Европската унија, при што беше потенцирана потребата од одржување на реформскиот курс и силна политичка волја.
Актуелно
- Поплави во Мароко, над 100.000 луѓе евакуирани
- Земјотрес ја погоди Македонија
- Фејсбук слави роденден: Полни 22 години
- Февруари без социјални мрежи: Можете ли да го издржите новиот глобален предизвик?
- ДНК анализата потврди: Телото на исчезнатиот руски бизнисмен најден на плажа во Кипар
- Бил Гејтс го прекина молкот: Глуп бев што се сретнував со Епстајн
- ЕУ потврди 90 милијарди евра за Украина: Првите пари стигнуваат веќе во април
- Нема „спас“ од гужвите летово? Брисел потврди дека не се одложува новиот систем на границите

