Контрола на градежните лиценци: 97 фирми ги губат дозволите

 


Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, на прес-конференција зборуваше за контролата на сите издадени лиценци согласно Законот за градење и Законот за урбанистичко планирање.

Тој соопшти дека досегаашната проверка покажала дека биле издадени 1.100 лиценци, а вкупно досега се проверени 643. Од тука, кај 97 лиценци констатирано е дека по издавањето на лиценците фирмите престанале да ги исполнуваат законските услови врз основа на кои истите се издадени поради што ќе се донесат решенија за одземање на лиценците, рече министерот.

„На 13 правни лица одземена им е лиценца А за изведувач на градби од прва категорија. На 34 правни лица одземена им е лиценца Б за изведувач на градби од втора категорија. На 2 правни лица одземена им е лиценца А за надзор над изградбата на градби од прва категорија. На 6 правни лица одземена им е лиценца Б за надзор над изградбата на градби од втора категорија. На 3 правни лица одземена им е лиценца А за проектирање на градби од прва категорија. На 20 правни лица одземена им е лиценца Б за проектирање на градби од втора категорија. На 2 правни лица одземена му е лиценца Б ревизија на проектна документација на градби од втора категорија. На 1 правно лице одземена му е лиценца за управител за одржување на објекти од прва и втора категорија. На 16 правни лица одземена им е лиценца за изработка на урбанистички планови’, соопшти министерот за транспорт Николоски.

Според министерот, неопходни се законски измени кои ќе придонесат за подобрување на состојбите во процесот на лиценцирањето.

21.03.2025 - 12:41

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега