Компанија гарантира дека со нивните гуми ќе поминете 130.000 километри

Финската компанија Нокиан, која е позната по зимските гуми гарантира дека со новите гуми под името „One“ ќе поминете 130.000 километри.

Станува збор за универзални гуми, што значи дека со нив ќе можете да возите во текот на целата година.

Како што тврди Нокиан, гаранцијата за животниот век е 128.750 километри. Гумите веќе се произведуваат во американската сојузна држава Тенеси, но и во некои фабрики во Европа, иако гумите се развивани за северноамериканскиот пазар.

Нивната тајна е во материјалите, поточно во влакната со кои е засилена структурата на пневматикот и овозможува поголема отпорност, особено од оштетувања кои произлегуваат од дупки на патиштата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.01.2021 - 09:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа