Комити и семејството на Саздо бараат построга казна за убијците

Построга казна за убијците бараат таткото на убиениот Никола Саздовски – Саздо, Тони Саздовки и претставници на навивачката група Комити. Тие денеска пред Јавното обвинителство во изјава на медиумите рекоа дека казната е намалена поради политички притисок врз судиите.

-Денеска сме пред ОЈО Скопје за да изразиме револт за издадената пресуда од Апелационит суд во Скопје на 28.01.2021 со која на убијците на Никола им е намалена казната од 19 на 16 години затвор со образложение дека ова им било првпат. Замислете, првпат. Зашто им било првпат и зашто биле млади. Апелациониот суд ја носи оваа одлука врз основа на тоа дека првстепениот суд не зел во обѕир, односно тие немале умисла да го направат тоа. Прифаќа дека ова е убиство на свиреп начин, ги прифаќа сите сведочења на сведоците, на вештите лица од Судска медицина, ја потврдува пресудата дека е свирепо убиство, но не ги прифаќа годините на казната, рече таткото Тони, појаснувајќи дека максималната пресуда за овој чин е доживен затвор.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.04.2021 - 18:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега